Известување
Почитувани граѓани, Поради состојбата со корона вирусот во градот, Општина Куманово Ве известува дека отвори донаторски сметки за донации од земјата и надвор од неа. Апелираме до сите добронамерни граѓани и општествено одговорни фирми да ни се приклучат и во рамките на своите можности да помогнат, заедно да ја надминеме оваа состојба. Средствата ќе бидат наменети за набавка на прехранбени производи,средства за дезинфекција и хигиена на социјално најзагрозените групи во градот.