Известување
На ден 15.03.2021 година (понеделник) во Големата сала на поранешен Комитет, со почеток во 13:30 часот ќе се одржи отворена дебата во врска со престојниот Јавен повик за граѓански организации од Општина Куманово.
Финансиските средства за повикот се предвидени во Програма на Одделение за стратешко планирање, креирање политики и локален економски развој од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година и истите ќе бидат наменети на Здруженија и Фондации од Општина Куманово за проекти во рамките на Стратегиските развојни документи на Општина Куманово до 2021 година, соодветни на приоритетните области и цели.
АГЕНДА
13:30 | Пристигнување и регистрација на учесниците |
13:35 | Воведно обраќање |
Александар Крстевски | |
Овластен раководител на Сектор за евроинтеграции, меѓународна соработка и (ЛЕР) | |
13:40 | За програмата, приоритети и вклученост на ГОи од Општина Куманово |
Донка Петровска
Раководител на Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој на Општина Куманово |
|
13:55 | Јакнење на сорабока помеѓу ГОи и Општина Куманово |
Марија Бабан
Раководител на Одделение за меѓународна соработка и евроинтеграции на Општина Куманово |
|
14:00 | Дискусија |
14:30 | Заклучоци |
Настанот е усогласен согласно Уредби на Владата на Република Северна Mакедонија кои се однесуваат на новонастанатите состојби поврзани со COVID 19.