Интензивно се работи на индустриската зона Новини Речица
Во врска со еден од капиталните проекти на Општина Куманово со Владата на Република Северна Македонија, кој се однесува на инвестиции во областа на инфраструктурата во новата индустриска зона м.в. Новини, с.Речица во Куманово, моментално се работи на изградба на дел од улици (улици “1” и “13”) и поставување на дел од атмосферската канализација, со должина од 1210м.
Оваа зона со својот капацитет преку различна големина на парцели, урбанистички уредени за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици и сместувачки капацитети, е предмет на интерес на голем број домашни и странски компании.