Интерактивна работилница за изработка на Стратегија за рурален развој на Општина Куманово за период 2021-2025 година
Денеска се одржа првата од предвидените пет интерактивни работилници
за изработка на Стратегија за рурален развој на Општина Куманово за
период 2021-2025 година, како дел од Програмата на Секторот за
евроинтеграции и меѓународна соработка, стратешко планирање,
креирање политики, следење и ЛЕР. Целта на Стратегијата е, земајќи ги
предвид моменталните потреби и потенцијали за развој во
опкружувањето, да се идентификуваат можностите и приоритетите за
дејствување и рурален развој, кои ќе ги поттикнат потребите и интересите
на руралното население во РСМ. Од вклучените целни групи релевантни
за објективна изработка, беа присутни претставници на невладини
организации, здруженија и општинска администрација.