Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Куманово домаќин на државно првенство во кошарка за основни училишшта

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска го прогласи за отворено Државно првенство во Кошарка машки за основни училишта кој се одржа во салата на СОУ „Перо Наков.

На првенството учествуваа најдобрит екипи од Република Македонија кои се пласираа од Општински, Зонски и Меѓузонски натпреварувања. Домаќин беше екипата на ООУ „Кочо Рацин„ од Куманово кое во натпреварите учествуваше со училиштето ООУ„Крсте Петков Мисирков од Радовиш“, ООУ„Гоце Делчев“ од Кавадарци, училиштето ООУ„Кочо Рацин“ Скопје и ООУ “Браќа Миладиновци„од Куманово.

Општински сојуз на училишен спорт на Куманово организираше и Зонско првенство во Одбојка за средни училишта на кое учество зедоа најдобрите екипи од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Свети Николе и Пробиштип.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст