Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

,,Магија во кругот” –  промоција на СОУ “Перо Наков” Куманово

Учење преку работа – дел од наставната програма на СОУ “Перо Наков”, која беше промовирана од страна на учениците и нивните наставници, вечерва во Занаетчиски дом, Куманово.
На културно – уметничкиот настан беа претставени модни креации, изложба на графики, облека и обувки, проткаени со музичка интерпретација.
На промоцијата присуствуваа претставници од општинските основни училишта, кои имаа можност да се информираат за наставните методи и содржини во СОУ “Перо Наков” – Куманово, преку креативна модна ревија.
Дел од публиката беа претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст