Максим Димитриевски: Ќе се грaди ,,Парк на пријатели на Куманово”
По вчерашната Седница на Советот на Општина Куманово во врска со мојата изјава за поставување на спомен облежје на американската фирма КБР пред комплексот базени сакам да дообјаснам:
Идејата на општина Куманово и на мене како Градоначалник е пред комплекосот “Отворен и Затворен базен” да направиме парк кој ќе го наречеме „Парк на пријатели на Куманово„.Во интерес на озеленување на градскиот централен регион и создавање на пријатно место за одмор и реласкација на граѓаните во овој град, во паркот ќе има фонтана, а покрај неа спомен постамент на која ќе се постават спомен плочи за благодарност на сите правни и физички лица кои направиле значајни работи за граѓаните, во која било сфера од животот на нашата општина. Општина Куманово заедно со Советот ќе направи листа на пријатели, за кои ќе бидат изготвени и соодветни одлуки и благодарници. Граѓаните на Куманово треба да имаат пријатели, но уште поважно е тие пријателства да се негуваат и продлабочуваат.