Меморандум за соработка со Здружението на угостители “Бисер”-Куманово
Од името на општина Куманово Градоначалникот Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со Здружението на угостители“Бисер”-Куманово. Овој документ има за цел воспоставување на соработка во рамките на Програмата за култура, во реализација на општината. Преку овој Меморандум угостителскиот сектор се вклучува во креирање и реализација на предвидената културна програма, како активен чинител од општествениот живот.