Модна ревија на тема “Стари кројки во ново руво”
Модна ревија на народни носии кои датираат од крајот на 18 век и почеток на 19 век, вечерва се одржа во Занаетчиски дом – Куманово, во организација на Центар за истражување и одржување на традицијата Етно фолк студио, со поддршка на Општина Куманово.
На ревијата која имаше продажен карактер, беа презентирани народни носии изработени од бел вез и поен – клест, надополнети со рачно изработен ткаен накит од Здружение “Зрнце дизајн”, кое се занимава со ткаење на мониста од Велес и накит од камења изработен од “Карес”, чии претставници беа гости на културно – уметничкиот настан.