Одбележан Денот на просветни работници Албанци
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска присуствуваше на централната манифестација по повод 7 Март, Денот на просветни работници Албанци. Настанот се одржа во основното училиште “7 Март”-с.Опае, во организација на ЗНА “Наим Фрашери”, Куманово-Липково. На манифестацијата беа доделени признанија на истакнати просветни работници и ученици. Согласно Денот на образованието и на албанското училиште, познат како Ден на учителот, минувајќи низ долг и трнлив пат, албанските наставници продолжуваат посветено да работат, оставајќи им на новите генерации богатство од национална едукација и образование, чии корени датираат од раната антика.