Одржана усна јавна расправа
Во големата сала во Комитет денеска се одржа усна јавна расправа по Нацрт-Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Куманово во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2). На расправата присуствуваа заинтересирани граѓани, субјекти и претставници на јавните претпријатија. Проектот беше образложен од страна на координаторот на истиот, кој се однесува на набавка на опрема за четирите јавни претпријатија во општина Куманово, финансиран со заем од Светска банка.