Одржан состанок на Општински штаб за заштита и спасување при Општина Куманово и надлежните органи
СООПШТЕНИЕ
Врз основа на Записникот од 10-тата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи одржана на 11 јануари 2019 год., согласно заклучоците во кои се задолжуваат Градоначалниците односно локалните самоуправи да ги мобилизираат кризните штабови во нивните општини, на ден 14.01.2019 год., Општински штаб за заштита и спасување при Општина Куманово одржа состанок на кој покрај членовите на штабот присуствуваа и локалните претставници на РЦУК, ДЗС-ПОЗС Куманово, СВР Куманово, јавни претпријатија, ОО на Црвен Крст – Куманово, Сектор за инспекциски надзор- Инспекторат, Сектор за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животна средина и природата беа донесени следниве заклучоци и препораки:
1.Екипите задолжени за расчистување на снег во Општина Куманово како и јавните претпријатија и понатаму да продолжат со расчистување на јавно прометните површини. Во случај на поголеми врнежи од снег и непроодност на патиштата, дежурен телефон на Општина Куманово за пријавување е 078/365-061 како и телефонски број на РЦУК 195.
2.СВР –Куманово поинтензивно да превземат мерки за расчистување на сообраќајниците од непрописно паркирани возила како би можело да се изврши непречено чистење на снегот од улиците.
3.Согласно законските прописи, апелираме до сопствениците да расчистат пред своите деловни објекти и простори.
- Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при Општина Куманово и Сектор за превенција при СВР – Куманово да органираат заеднички состанок со управителите на станбени згради со цел за нивно вклучување во справување со проблемите поврзани со врнежите од снег.
Општински штаб за заштита и спасување интензивно ќе ги следи состојбите и ќе превзема соодветни активности и мерки. Во случај Општина Куманово да не може да се справи со снежното време преку своите расположливи ресурси/ или при нивно целосно исцрпување, да се обрати до Дирекција за заштита и спасување.
Се препорачува на граѓаните на Општина Куманово без поголема потреба да не излегуваат од дома, а доколку движењето е неопходно, се препорачува внимателно движење, помалку користење на моторни возила и повеќе да се користи јавниот градски превоз.