ООУ “Крсте Мисирков” на Светските училишни спортски игри
ООУ “Крсте Мисирков”-Куманово ќе зеде учество на Светските училишни спортски игри, кои ќе се одржат од 11.09. до 19.09.2021 година во Белград, Р.Србија. Организатори на овој масовен спортски настан се Светската училишна спортска федерација и ISF (International school federation). Училиштето е претставник на РСМ, со поддршка од општина Куманово, Федерација на училишен спорт на Македонија и Атлетска федерација на Македонија.Учествуваат со атлетска женска спортска екипа. На Светските училишни спортски игри натпреварите ќе се одржат во 14 спортски дисциплини. По тој повод денеска Градоначалникот на општина Куманово Маским Димитриевски имаше средба со учесничките на Светските училишни спортски игри, наставниците-тренери од училиштето и Раководителот на Сектор за образование при општина Куманово, истакнувајќи го значењето на развојот на спортот и поддршката од Општината на значајни спортски настани.