Општина Куманово започна со ЕКО Акцијата “Куманово Мој Зелен Дом”
Денеска екипите од Општина Куманово ја започнаа акцијата “Куманово Мој Зелен Дом” која има за цел да ја подигне свеста на жителите на Куманово за заштита и зачувување на животната средина, почнувајќи од најмалите генерации.
За таа цел, првиот ден од акцијата тимови на Општина Куманово ги посетија училиштата ООУ “Кочо Рацин”, ООУ “Толи Зордумис” и ОСТУ “Наце Буѓони” каде со училишните еко-тимови споделија информации и едукативни материјали за заштита и зачувување на животната средина, со задача информациите и материјалите по презентацијата учениците да ги споделат со своите соученици и другарчиња.
Во акцијата се вклучи и тимот од Аутомакедонија со Електричен еко-автобус кој беше презентиран на учениците со осврт на значењето на еколошкиот транспорт како значајна алка во зачувување на животната средина.
При посетата на училиштата се обрати Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставник од Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природата при Општината, како и претставници од Аутомакедонија кои извршија презентација на електричниот еко-автобус.
По завршување на посетата на училиштата, сите екипи заедно со учениците, со електричниот еко-автобус се упатија на локалитет Спомен Кострурница каде беше реализирана акција за пошумување во соработка со ЈП Чистота и зеленило.
Акцијата ќе трае во текот на целата година и предвидува низа различни активности во делот на еко акции и активизам.
Во продолжение е фото галерија од настанот, изјавата за медиуми на Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска и претставникот од Аутомакедонија.