Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово ја поддржа иницијативата 50 ученици да се тестираат и сертифицираат за Microsoft Office Specialist

По четврти пат Општина Куманово ја поддржа иницијативата 50 ученици од основно и средно образование во Куманово, да добијат можност да се тестираат и сертифицираат за Microsoft Office Specialist, глобално признаен сертификат, а со тоа и да учествуваат на националниот натпревар за Microsoft Office Specialist.

По тој повод денеска учениците и нивните ментори ги посети Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска истакнувајќи ја огромната важност на дигиталната писменост, развојот на компјутерските знаења и вештини со цел модерно, иновативно и успешно информатичкото општество, а потоа свечено ги додели сертификатите на учениците кои го положија тестот, дипломи за учество на ученици кои не го положија тестот како и благодарници за наставниците ментори.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст