Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОСТУ “Наце Буѓони”- Куманово денеска го прослави патрониот празник

Денеска ОСТУ “Наце Буѓони”- Куманово со пригодна манифестација и културна програма го одбележа својот патрон. На настанот присуствуваа и секретарот на Општината со претставници од Секторот за образование и делегација од Совет предводена од претседателката, кои пред бистата на патронот положија свежо цвеќе.
На штандовите беа изложени изработки и наставни материјали подготвени од машинската, електротехничката и здравствената струка. Присутните имаа можност да го проследат краткиот осврт за историскиот развој и постигнувањата на средношколскиот центар, а беа доделени и благодарници на заслужните ученици и нивните наставници за постигнат успех во изминатиот период.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст