Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Регионален хаб на Мрежата на силни градови во Сараево

Во Сараево – Босна и Херцеговина се одржа пленарна сесија на тема “Раководство на локална самоуправа во Западен Балкан”, како дел од регионалниот хаб кој ги опфаќа земјите од Западен Балкан, односно општините кои припаѓаат на Mрежата на силни градови (Strong Cities Network).
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претставник од општинската администрација Александар Крстевски со претставници од општините учеснички на Сесијата, Ања Маргетиќ заменик на градоначалник на град Сараево, Александар Гргуровиќ градоначалник на Општина Даниловград, Шќиприм Арифи градоначалник на Општина Прешево и Фатбард Шеќи заменик на градоначалник на град Скадар.
Регионалниот хаб е поддржан од страна на Стејт Департментот на САД, на Единицата на управување со МСГ и овозможува да работи на поконзистентна основа со повеќе општини од регионот, поддржувајќи ги со добри практики и креирање на платформа за споделување на искуства и знаење на полето на спречување на екстремизам, омраза и поларизација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст