Повик за потикнување на интерес до здруженија на граѓани, установи, други правни и физички лица од областа на социјална заштита
Почитувани сограѓани,
Локалната самоуправа како една од носителите на социјалната заштита во Републикава, согласно своите надлежности, активно работи на процесот на изготвување на Социјален план на Општината, којшто ќе содржи низа мерки и активности со цел помош и поддршка на маргинализирните групи на граѓани во нашата Општина. Социјалниот план ќе биде од долгорочен карактер во траење од 3 (три) години, а врз основа на истиот ќе бидат изготвувани годишни програми за социјална заштита во Општина Куманово.
Согласно тоа, Општина Куманово ги повикува сите заинтересирани здруженија на граѓани, установи, физички и правни лица кои работат на поле на социјалната заштита, како рамноправни партнери, да дадат свој допринос во изготвување на Социјалниот план, преку доставување на свои иницијативи, идеи и предлози за развој и унапредување на социјалната заштита на локално ниво, согласно потребите на граѓаните кои се наоѓаат во социјален ризик.
Сите заинтересирани лица/субјекти своите иницијативи, предлози и идеи можат да ги достават на маил адресата: [email protected], најдоцна до 15.08.2022 година.