Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ПОВИК за УСНА ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт – Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)

Се повикуваат сите заинтерeсирани граѓани и други заинтересирани субјекти, како и претставниците на јавните претпријатија, во Општина Куманово да се вклучат во јавна расправа со свои ставови и мислења за Нацрт – одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Куманово во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2).

Усната јавна расправа ќе се оддржи на ден 24-ти септември 2020 година со почеток во 10.00 часот во големата сала во Комитет- Куманово.

Поради протоколите за заштита од КОВИД 19, се задолжуваат сите присутни лица задолжително да носат заштитна маска, да оддржуваат социјална дистанца од 2 метри и да вршат честа дезинфекција на раце, за време на оддржување на јавната расправа.

Капацитетот на посетителите е ограничен согласно просторните услови, како и протоколите и мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст