Подготвителни активности на проектот „EU for Clean Air“
Денеска во просториите на Општина Куманово градоначалникот
Димитриевски заедно со секретарот на Општина Куманово, претседателката на Совет и претставници
на општинската администрација одржа работен состанок со претставници
од Делегација од ЕУ и UNOPS (Канцеларија на Обединети нации за
проектни услуги). Целта на средбата се активности на проектот „EU for
Clean Air“, кој е дел од Програмата на ЕУ за претпристапна помош – ИПА
2021. Согласно Програмата ќе се работи на подобрување на воздухот во
урбани центри во РСМ, во која влегуваат: Куманово, Битола, Скопје и
Тетово. Во Куманово предвидени се следниве активности на проектот:
подобрување на систем за греење на јавни установи, озеленување на
простор преку садење на дрва и поставување на мобилни мерни станици
за загаденост на воздухот низ градот. Мапирани се неколку објекти, кои
влегоа во оваа фаза на истражување, преку инвестиции во општинските
училишта и детска градинка. На состанокот претставниците на УНОПС го
презентираа проектот и понатамошните чекори за подготовка на
апликацијата, како и точната анализа за реализирање на инвестицијата.