Посета на Општина Куманово од страна на учесниците на Еразмус+ проектот
Домаќинот на Еразмус+ проектот ООУ “Кочо Рацин” од Куманово заедно со претставниците од останатите земји учеснички Полска, Романија, Италија, Грција и Бугарија во рамки на Ц3 активност од Еразмус+ проектот “Откриј го светот околу себе со новите технологии” денеска беа во посета на Општина Куманово.
Во топла и пријателска атмосфера беа примени од претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.
Целта на проектот е користење на нова и напредна технологија, развој на иновативни идеи кај учениците, учење преку игри,квизови и развивање на интерактивни вештини преку креативни активности.