Посета на Сирискиот уставен комитет во Општина Куманово
Европскиот центар за курдски студии од Берлин во соработка со Институтот за федерализам при Универзитетот Фриборг од Швајцарија, организираа студиска посета на РС Македонија за членовите на Сирискиот уставен комитет.
Во рамките на посетата од страна на Сирискиот уставен комитет во зградата на поранешните општествено-политички организации, присуствуваа претседателката на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.
Целта на посетата е да се научи повеќе за функционирањето на локалната самоуправа и децентрализацијата во земјава, правата на малцинствата во нашата држава, но и на локално ниво, како и инклузивното градење држава, за извлекување поуки и искуство за создавање на демократска Сирија и изработка на новиот устав на Сирија.
Студиското патување се одвива во рамките на проектот “ Еден устав за сите Сиријци-поддршка за споделување моќ и зајакнување на правата на малцинствата”, финансирана од германската федерална надворешна политика и Европската Унија.