Посета на фабриката “КЕНТАУР-ИМПЕКС”
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска беше во работна посета на фабриката “Кентаур Импекс”-Скопје, подружница Куманово заедно со претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и директорот на ОСТУ “Наце Буѓони” од Куманово, Драган Јаневски.
“ Кентаур-Импекс” – Скопје е врвна компанија со традиција од 30-годишно работно искуство во областа на метални и челични конструкции која високо котира на светскиот пазар.
Посетата беше организирана со цел да се направи увид во фабричкото производство и истовремено беше реализиран состанок за досегашните и идни проекти во соработка со ОСТУ “Наце Буѓони” од Куманово. Потенциран е договорот за стручна едукација на учениците во машинската насока, односно за вработување на ученичките кадри по завршување на средното образование.
Компанијата Кентаур-Импекс од Скопје е инвеститор во фабриката “Искра”-Куманово, на која и е издадено официјално одобрение за изградба на електрична централа со капацитет од 1 Мега Ват,компанија со која се зајакнува нашето стопанство и повторно се враќа сјајот на позната кумановска фабрика.