Потпишани договори со десет образовни асистенти
Денеска во 0пштина Куманово беа потпишани договори со десет образовни асистенти,ангажирани преку Програмата Општинско–корисна работа на проектот “Креирање можности за работа за сите”, финансирана од Швајцарскатаагенција за развој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална Политика и Агенција за вработување на РСМ. Проектот ќе се реализира во четири основни училишта:ООУ“Христијан Карпош”, ООУ“11-ти Октомври”, ООУ”Браќа Миладиновци” и ООУ “Крсте Мисирков”