Потпишан договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за осветлување во градот
Денеска во Општина Куманово беше потпишан Договор за јавно – приватно партнерство за осветлување во градот. По распишувањето на меѓународен повик за јавно – приватно партнерство фирмата ИЦС Системи од Р.Чешка со подружница во РСМ-Охрид, се обврза во наредниот период да вложи 4,7 милиони евра во поставување на ново осветлување и подобрување на мрежата на јавните прометни површини со штедливи лед светилки и рефлектори на 9.340 светлечки места во градот со модерен систем за управување.