Потпишан Меморандум за соработка со Институт за Европска политика
Во име на Општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски денеска потпиша Меморандум за соработка со Институт за Европска политика.
Предмет на Меморандумот е соработка при спроведување на проектот “Зајакнување на испораката на социјална заштита преку социјална одговорност, со фокус на маргинализираните групи, вклучувајќи ги Ромите и Роми повратници” на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, имплементиран од страна на Светска Банка, чија цел е имплементација на процес на социјална одговорност за социјална реформа од 2019 година и нејзино влијание врз маргинализираните заедници.
Активностите ќе се спроведуваат во две општини, Шуто Оризари и Куманово и ќе се однесуваат на следните сервиси: гарантирана минимална помош, ученички и детски додаток.
Со потпишувањето на овој Меморандум, страните – потписнички ќе соработуваат во спроведувањето на взаемни активности кои се во склад со консултативните активности за времетраењето на проектот.
Меморандумот за соработка ги утврдува правата и обврските помеѓу носителите на проектот со цел правилно и непречено имплементирање на проектот и постигнување на предвидените цели за достигнување на видливи промени во ромската заедница.
Двете страни се обврзуваат да остварат меѓусебна комуникација за информирање и напредок во спроведувањето на активности поврзани со проектот.