Прва конститутивна седница на Општински совет за социјална заштита
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа првата конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита. Овој Совет го сочинуваат 15 членови: претставници на Општина Куманово, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, АВРСМ-Центар за вработување Куманово, Основно јавно обвинителство, Општинска организација на Црвен крст, СВР Куманово, ЈЗУ “Здравствен дом” Куманово, Центар за рурален развој “Бујрум”-Куманово, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество“Инклузива”-Куманово.
Претседавачот на седницата потенцираше дека една од главните задачи на Советот е изготвување на социјален план на територија на Куманово, кој треба да содржи податоци за мапирање на социјалните проблеми на граѓаните и нивните потреби, расположливи ресурси на Општината во однос на оваа проблематика, како и потребата од воведување на нови социјални услуги, кои ќе им го олеснат животот.
За претседател на Советот е изберена Тања Стефановска, заменик претседател е Љиљана Ивановска, а секретар- Магдалена Станојковска. На седницата беа доделени и решенија за именување на членови на Општински совет за социјална заштита.