Прва протоколарна посета на хрватската амбасадорка Нивес Тигањ
Денеска во прва протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорката на Р Хрватска во РСМ Нивес Тигањ. Согласно потенцијалот за негување на добрите односи, на средбата со градоначалникот и секретарот на Општината дискутираа за можностите за проширување на воспоставеното пријателство преку иницирање и реализација на проекти. Досегашната соработка и разбирање ќе бидат потенцирани преку иницијативи за соработка и унапредување на односи меѓу двете земји во повеќе општествени сфери од заеднички интерес.