Претставен проектот “Активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државниот и недржавниот актер во P/CVE во РСМ”
Денеска во просториите на општина Куманово се одржа работна средба помеѓу претставниците на Здруженијата за акција против насилство и трговија со луѓе и за поддршка и развој “Хуманост”, Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита и претседателката на Совет на општината. Повод за денешната средба беше претставување на проектот “Активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државниот и недржавниот актер во P/CVE во РСМ”, со тенденција во проектните активности да биде вклучена и Општина Куманово. Целта на овој проект е да се изгради кохезивно и инклузивно општество, кое ефикасно ќе се бори против насилниот екстремизам и радикализам, преку активно вклучување и влијание на граѓанското општество, државниот и недржавниот актер. Активно ќе се работи на подобрување на капацитетите на локалните чинители за ефективно P/CVE, на социо-економската вклученост и услуги, како и подигање на свеста на локалната заедница за намалување на ризиците младите и ранливите групи граѓани да бидат привлечени од насилен екстремизам и организиран криминал.