Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодно одбележан патрониот празник на ООУ “Магдалена Антова” Куманово

Во свечена атмосфера пред многубројни гости и претставници од Општина Куманово, денеска беше одбележан патрониот празник на ООУ “Магдалена Антова” Куманово.
Пред бистата на патронот на основното училиште цвеќе положија делегации од Општина Куманово и Советот на Општината, предводени од секретарот и претседателката со претставници од Сектор за образование и членови на Советот.
Прославата продолжи со свечена седница,пригодно литературно читање, на кое се претставија ученици со свои творби во чест на патронот на училиштето и спортски активности во повеќе дисциплини.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст