Промоција на книгата “Кажи ми да ти кажу,100 и кусур анегдоте на кумановски за Кумановци” од Мирко Зафировски
Книжевното дело “Кажи ми да ти кажу,100 и кусур анегдоте на кумановски за Кумановци” од авторот Мирко Зафировски вечерва беше промовирано во Занаетчиски дом пред љубителите на пишаниот збор, со поддршка на Општина Куманово.
Книгата е напишана на кумановски дијалект, како и претходните три дела на авторот Зафировски и претставува своевидно надоврзување на идејата да се одржи континуитет во зачувувањето на кумановската културна ризница.
Целта на писателот е да ја потикне и младата популација на творештво, односно и младите луѓе да остават свој белег за времето во кое егзистираат.
На промоцијата присуствуваше и претседателката на советот на Општина Куманово,Ивана Ѓорѓиевска.