Промоција на монографијата “Октет Куманово”
Вечерва во ресторан Грација се одржа промоција на монографијата “Октет Куманово” на авторот Петар Николовски, по повод 37-годишното постоење на овој состав. Културниот настан е во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово. Градоначалникот Димитриевски се обрати пред присутните гости и сограѓани, љубители на народната песна.