Работна посета на Љупчо Николовски,заменик на Претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси
Денеска во посета на општина Куманово беше заменик на Претседателот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. На работната средба беше разговарано на теми во делот на транспаретно работење на општина Куманово. Општината е во група на најтранспаретни општини во државата, која ќе продолжи да работи во борбата против корупција на сите нивоа, со взаемна соработка помеѓу институциите. Единствена цел е граѓаните целосно и во најкус можен рок да ги добијат потребните услуги од општината, а воедно и да имаат целосен увид во делот на работењето на општинските јавни претпријатија, институции и служби.