Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на Димитриевски со извршниот директор на Тиго Фајнанс

Во рамките на својата агенда на деловни средби со бизнис заедницата, денеска во просториите на општината, Градоначалникот Димитриевски одржа состанок со Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски.
На средбата се дискутираше за унапредување на соработката на општината со овој значаен деловен субјект кој веќе е присутен со своја филијала во Куманово, а денеска од страна на директорот Димитровски беше соопштено дека наскоро, за кумановчани ќе биде отворена и втората филијала на Тиго Фајнанс на територијата на општина Куманово.
Димитровски ја поздрави досегашната поддршка на општината и посочи дека новата филијала овозможува уште поголема достапност и побрз пристап до финансии на локалното население. Воедно со ширењето на мрежата на филијали на територијата на Општина Куманово се создаваат услови и за нови вработувања, еден значаен сегмент за локалната заедница.
Градоначалникот Димитриевски, на состанокот, укажа на важноста од взаемно делување и зацврстување на односите помеѓу општината и бизнис заедницата како најдобар модел на градење стратешки партнерства кои делуваат одговорно и за добробит на сите чинители.
Тиго Фајнанс е небанкарска финансиска институција, технолошки и дигитално напредна Финтек институција, лиценцирана од страна на Министерството за Финансии на Република Северна Македонија. Се вбројува меѓу стоте успешни компании во ЈИЕ од страна на Меѓународниот академски институт и располага со сертификатот Excellent SME кој го доделува Стопанската комора на Република Северна Македонија. Компанијата денеска вработува над 100 вработени, има широко распространета мрежа на филијали во повеќе општини во државата, но и натаму посветено работи на ширење на мрежата на филијали и отворање нови работни места.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст