Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ранг листа на предлог проекти од организациите на граѓанското општество добиени на јавниот повик во рамките на ReLOaD проектот отворен од 24.10.2018 до 05.12.2018

ПРОЕКТИ КОИ СЕ ОДОБРЕНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Бр Организација Проект Бодови ЗАБЕЛЕШКА
Проекти со буџет од 307.000,00 – 615.000,00 МКД
1. Хуманитарно здружение Мајка Куманово Биди во тек 78 Буџетот ќе треба да претрпи измени затоа што се идентификувани категории на трошоци што се превисоки и ќе треба да се намалат.
2. ЗЖ Коло на српските сестри Куманово Традицијата низ слики 71
3. Спортски младински клуб Динамик – Куманово Спортот – темел за здрава и активна младина 68 .
4. Хуманитарно здружение Мајка Куманово Од нас, за сите нас 67 Буџетот ќе треба да претрпи измени затоа што се идентификувани категории на трошоци што се превисоки и ќе треба да се намалат.
Проекти со буџет од 615.000,00 – 1.845.000,00 МКД
5. Здружение Креатор Куманово Волонтирај – Резултирај ! 77 Буџетот ќе треба да претрпи измени затоа што се идентификувани категории на трошоци што се превисоки и ќе треба да се намалат.

ПРОЕКТИ КОИ НЕ СЕ ОДОБРЕНИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
ЦЕЛОСНО ЕВАЛУИРАНИ
6. Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост Порака Куманово Креирај еднаква грижа за сите 65 Проектниот предлог не ги освои потребните минимум бодови согласно со предложената вредност.Предложените активности вклучуваат тековни активности на организацијата, која што традиционално секоја година е
финансиски поддржувана од општината, со што овој проектен предлог нема никаква додадена вредност.
7. Здружение Ромска организација на жени од Македонија ДАЈА Куманово Препознај насилство, избери љубов 59 Проектниот предлог не ги освои потребните минимум бодови согласно со предложената вредност. Соодносот меѓу проценетите трошоци и очекуваните резултати не е задоволителен, буџетот е нереален и содржи превисоки трошоци во повеќе од буџетските линии. Истиот би требало да претрпи преголема ревизија, со што во голема мерка би се изменила структурата на буџетот, што не е дозволено согласно со насоките од јавниот повик.
8. Велосипедски клуб Кросс Сајклинг тим Куманово Бајк Парк Куманово 58 Проектниот предлог не ги освои потребните минимум бодови согласно со предложената вредност. Дополнителна забелешка: Над 70% од вкупниот буџет е наменет за изведба и опрема, што е спротивно на насоките од јавниот повик.
9. Симбиозис 12 Ромски самохрани родители и рано учење и развој 48 Проектниот предлог не ги освои потребните минимум бодови согласно со предложената вредност. Проектниот предлог не е добро образложен и недостига многу релевантни информации за негово соодветно и целосно оценување. Не е на никаков начин образложено што ќе се случи со центарот по завршување на проектот бидејќи истиот ќе биде земен под наем за времетраењето на проектот. Дополнително, Комисијата за евалуација располага со информации дека организацијата веќе располага со центар, за кој не е образложено зошто не може да се користи за целите на овој проект.
10. Училишен спортски клуб Крсте Мисирков Куманово Атлетика права за младина здрава 47 Проектниот предлог не ги освои потребните минимум бодови согласно со предложената вредност. Предложениот тим е вработен во јавни институции – училишта, при што управуваат со спортскиот клуб, 79% од вкупниот буџет е наменет за набавка на опрема, што е спротивно на насоките од јавниот повик.
ВТОР ПРАГ – РЕЛЕВАНТНОСТ
11. Центар за одржлив развој Елипса Куманово Дигиталната Економија: Паметен е-туризам 25 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност. Проектот е планирано да се спроведува на поголема територија, која опфаќа и други општини, што е спротивно на насоките на јавниот повик; целната група е избрана во спротивност со насоките од јавниот повик и вклучува локални мали и средни претпријатија, нивните вработени и управувачкиот тим. Дополнителна забелешка: буџетот во голема мерка содржи паушални вредности, што е забрането согласно со правила на овој јавен повик.
12. Здружение за наука, уметност, култура и спорт институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово Преку стручна едукација до вработување и самовработување 24 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност. Граѓанската организација го поднесе истиот предлог проект што беше одбиен на претходниот јавен повик без да ги земе предвид забелешките што беа дадени. Целната група и потребите на целната група не се јасно дефинирани, проектот нема додадена вредност, не е образложено како активностите ќе придонесат до реализација на резултатите; предложениот координатор е вработен како универзитетски професор.
13. Мултиетничко здружение Флоренс Најтингејл Куманово Заедно – за меѓуетнички соживот! 24 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност. Целната група е избрана спротивно на насоките од јавниот повик и се фокусира на јавни службеници и претставници од приватни компании; сите активности се фокусирани на лица од јавни и приватни институции, што исто така е спротивно на насоките од јавниот повик.
14. Здружение за уметност, култура и заштита на културно наследство Ризница Ризница 23 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност. Проектната идеја и проектниот предлог не се добро разработени и образложени, целната група не е јасно дефинирана и нема стратешки избор на чинители, а проектните активности не доведуваат до остварување на приоритетната област. Дополнителна забелешка: буџетот не е целосно пополнет и согласно насоките од јавниот повик, со што беше отежната евалуацијата на целосната проектна апликација
15. Здружение Фото Кино Клуб Козјак Куманово Разгледај го Куманово 22 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност.Не е наведена приоритетна област согласно со насоките од јавниот повик, целната група и крајните корисници на проектот не се дефинирани согласно насоките од јавниот повик, потребите на целната група не се дефинирани, а главните активности се во времетраење од 2 дена, не се врши позитивно влијание на ранливи категории на лица. Дополнителна забелешка: соодносот меѓу трошоците и очекуваните резултати не е на задоволително ниво земајќи предвид дека има само 2 дена на конкретни проектни активности.
16. Здружение за наука, уметност, култура и спорт институт за наука, уметност, култура и спорт Куманово Предуслови ипретпоставки за иден развој на туризмот во руралните подрачја на општина Куманово 21 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност. Целната група и крајните корисници не се јасно дефинирани ниту правилно опфатени со проектот, проектниот предлог не содржи додадена вредност, целите на проектот не се јасно дефинирани, а активностите не доведуваат до реализација на приоритетите, проектниот предлог не е добро образложен, со што се отежнува евалуацијата.
17. Здружение Јустиција Куманово Заеднички градиме подобар живот за лицата во трето доба во Куманово 20 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на вториот праг – релевантност. Проектните активности не доведуваат до реализација на релевантниот приоритет, целната група не е опфатена со предложените активности и нема никаков бенефит од реализација на истите; Ниту проектот ниту проектните активности не се добро образложени што ја оневозможува соодветната евалуација на апликацијата. Недостига наративно објаснување на предложениот буџет.

ПРВ ПРАГ – ФИНАСИСКИ И ОПЕРАТИВНИ КАПАЦИТЕТИ
18. Здружение за културен и општествен развој и едукација Виножито Седумте културно-историски приказни од Куманово 6 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на првиот праг – финансиски и оперативен капацитет. Граѓанската организација е новоформирана и нема спроведено ниту еден проект. За носителот на проектот и за партнерот не се доставени податоци за спроведени проекти и кратки биографии и не може да се оцени нивниот капацитет. Дополнителна забелешка: активностите (локалитетите) не се наоѓаат во општина Куманово туку во поширокиот регион, што е спротивно на насоките на јавниот повик
19. Здружение за развивање на знаења и вештини Спектар Реализирај ја твојата идеја – Партиципативно буџетирање во средините 5 Проектниот предлог не оствари доволен број на поени на првиот праг – финансиски и оперативен капацитет. Граѓанската организација нема ниту еден спроведен или тековен проект; предложениот проектен тим и самата организација немаат доволно капацитет за менаџмент и раководење со проекти. Според тоа, самата граѓанска организација нема оперативен и финансиски капацитет за имплементација на проект од оваа вредност.
ДИСКВАЛИФИКУВАНИ
20. КУД Панче Пешев Куманово Организирање меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2019 Проектниот предлог е непополнет, логичката рамка и буџетот се само делумно пополнети, со што е оневозможена евалуација на проектниот предлог
21. Ромски културен центар Чирикља Куманово Обуки на дефицитарни кадри (Театарска умешност) Не е поднесен задолжителниот документ – Регистрација на граѓанската организација
22. Здружение на граѓани за поддршка на шумарството и животната средина Трифор Скопје – подружница Куманово Зелен катарстар на град Куманово Граѓанската организација е од Скопје, што е спротивно на насоките од јавниот повик. Граѓанската организација од Скопје регистрирала подружница во Куманово 1 ден пред истекување на рокот за доставување на предлог проекти и сите доставени документи за организацијата се всушност од скопската организација, додека од кумановската подружница не се поднесени никакви документи.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст