Реакција на Градоначалникот Димитриевски во врска со одземањето на ингеренции за градинката од страна на министерот Царовска
Денеска Градоначалникот Максим Димитриевски во просториите на Општината одржа прес-конференција во врска со одземените ингеренции за градинката „Ангел Шајче“, од страна на министерот за труд и социјална политика Мила Царовска.
Решението е неиздржано,тендециозно, селективно и пристрасно и има за цел директно да го инволвира Министерството за труд и социјална политика во кадровски избор на директор на Јавна општинска установа детска градинка „Ангел Шајче„. Ја повикувам министерката за труд и социјлна политика Мила Царовска која што има направено голем пропуст, да го преиспита оваа решение , да го повлече и далежноста да ја врати на Општина Куманово, бидејќи Куманово не заслужува ваков третман.
Оваа го поткрепувам со фактот,, дека на трети јануари ненајавено од страна на надлежен инспектор од ресорно министертво беше направена посета во општина Куманово кои што немаше налог за вршење на било какви контроли и каде јасно и гласно ми беше ставено на знаење, доколку не отпочнам постапка, при тоа преудицирајќи се на избор на директор оваа ќе се случи. Жалам што една ваква работа се случува во една демократска општина како што е Куманово. Исто така праксата покажува дека во одредени општини каде што не е навремено отпочната постапка за избор на директор, не се превземени никакви активности. Според тоа, оваа решение е тенденциозно и јас согласно законот мора да го почитувам , но апелирам уште еднаш до мистерат да го преиспита, укине и јавно извини на општина Куманово и на нејзините граѓани, бидејќи оваа е се само децентрализација не. Јас како градоначалник сум должен да обезбедам правно работење на институциите што се во моја надлежност, а не да работам под притисоци – истакна градоначалникот Димитриевски