Реализација на проектот „Занаетот моја сигурна иднина“
Претставници од општина Куманово извршија мониторинг на проектот
„Занаетот моја сигурна иднина“, кој се спроведува согласно Стратегијата
за локален економски развој од областа на занаетчиството.Проектот се
реализира од страна на Хуманитарно здружение “Мајка” во партнерство
со Здружение на жени „Коло на српските сестри“ и Здружение на жени
„Сирма“. Финансиран е од Програмата за локален економски развој на
Општината. Целна група на проектот се невработени жени на возраст од
30-45 години од руралните средини од Општината. Општина Куманово ќе
продолжи да го подржува граѓанскиот сектор, во насока на
воспоставување двонасочна комуникација, со цел подобрување на
животот на граѓаните во општина Куманово.