Редовно се чистат патиштата во Куманово и околните села
Поради обилните снежни врнежи во изминатите денови, екипите од фирмите кои се задолжени за зимско одржување на улиците во градот и околните села заедно со претставници од Општина Куманово интензивно работеа на расчистување на патиштата и снежните наноси. Откако во сабота по направените напори со две машини не беше успешна операцијата за расчистување на огромните снежни наноси поради силниот ветер, вчера со тешка механизација до 11:30 часот, приоритетно е расчитен патот до затворот К’шање и истиот е снабден со храна и нафта.
Екипите за расчистување на снегот во текот на вчерашниот ден успешно ги оспосодија за проодност патните правци во селата Сопот, Четирце, Табановце, Пчиња, Мургаш, Градиште, Габреш, Скачковце, Агино Село, Романовце, Брзак, Којнаре, Тромеѓа,Бабин Дол и Биљановце.
Најголемиот проблем кој предизвикува потешкотии при расчистувањето на снегот е ветерот кој создава големи снежни наноси од околните ниви и објекти. Затоа од страна на општината и изведувачот во неколку наврати беше интервенирано на истите горенаведени места.