Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено отворен 3-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2022

Вечерва пред НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев”-Куманово свечено беше отворен 3-тиот Меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2022. Фестивалот е во организација на КУД „Панче Пешев“-Куманово, во соработка со МКЦ„Козјак“, а со поддршка од Општина Куманово и Министерството за култура на РСМ. Куманово е домаќин на  10 културно-уметнички друштва од РСМ, Србија, Бугарија, Мексико и Полска, кои на трите фестивалски вечери ќе презентираат квалитетна и разновидна програма за сите генерации. Оваа културна манифестација ја отвори Александар Гелевски, секретар на Општина Куманово. Први настапија домаќините-КУД„Панче Пешев“-Куманово, а потоа следуваа настапите на фолклорните ансамбли: „Словианки“-Полска, „Блажевски“- Скопје, „Варна“-Бугарија, „Иво Лола Рибар“-Србија и „Алијанса“-Мексико. На втората и третата фестивалска вечер, покрај гостите од Србија, Бугарија, Полска и Мексико, ќе настапат и: КУД„Бајрам Шабани“- Куманово, КУД „Ефрем Каранов“- Кратово, Фолклорно студио „Етнос“– Скопје и КУД „Гоце Марковски“-Скопје.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст