Се одржа дванаесетти Детски ликовен камп АСНОМ
Веќе дванаесетта година по ред како активно се одржува Детски ликовен камп “АСНОМ” под покровителство на Градоначалник и Совет на Општина Куманово. Во рамки на овој креативен камп учесниците творат, се едуцираат, се дружат и се забавуваат. Акцентот е ставен на сликање на платно со акрилни бои, а оваа година има и новитети како што е изработка на склуптури од гипс.
Оваа година имаме над 30 ученици од скоро сите училишта, како и учесници од Центарот за лица со попреченост “Порака Наша” и Дневен центар за лица со попреченост – Куманово. Денеска ликовниот камп го посети Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска каде што официјално ја отвори изложбата на уметничките дела и им додели признанија на учесниците.