Се одржа првата вонредна седница на Совет на Општина Куманово
На денешната прва вонредна седница на Советот на Општина Куманово беше донесена Одлука за доделување на парична помош од буџетот на Општина Куманово за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Средствата во износ од 1.000 000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави.