Соопштение
Со договор за отстапување на корисничко право од 16.09.2019 година ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ го отстапи корисничкото право на спорткиот комплекс ,,Соколана ‘’на општина Куманово за временски период од 5 години. Првично од страна на општината превземени се мерки за обезбедување на објектот со ангажирање на чуварска служба, а јавното претпријатие Чистота и Зеленило пристапи кон детално чистење на спортскиот комплек и уредување на двата откриени спортски терени за ракомет и за кошарка како и паркин местото во склоп на комплексот. Во тек е изготвување на проект за реконструкциј од страна на ЈП Куманово План се со цел враќање на стариот сјај на Соколана. Се очекува во наредниот период со одлука на Влада на РСМ, комплексот Соколана да премине во трајна сопственост на општина Куманово.