Соопштение
Во Куманово од денеска започна масовна вакцинација на населението против КОВИД-19. Вакцинацијата ќе се реализира во регионалниот вакцинален пункт, кој е сместен во училишната спортска сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово ( паралелки на албански наставен јазик ), кое се наоѓа во поранешна касарна Карпош населба Бедиње. Вакцинацијата ќе се одвива согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Општина Куманово е вклучена во уредување на вакциналните пунктови и обезбедување на потребна помош за непречено одвивање на процесот за масовна вакцинација.