Со заеднички сили за подобро секојдневие
По повод Меѓународниот ден на слепите лица (Меѓународен ден на белиот стап), а во рамките на проектот “Заедно посилни за подобар живот”, чиј носител е Здружението на слепи лица од Општина Штип, во ресторан Грација-Куманово, се одржа отворена дискусија на тема “Како да ги решиме инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат лицата со попреченост во локалните заедници”. Оваа конференција беше средба на членовите на Здружението на слепи лица и претставниците од локалната самоуправа, со цел да се потенцираат бариерите, со кои се соочуваат слепите лица во сите сфери од секојдневното живеење, а акцент беше ставен на инфраструктурните проблеми.
На настанот присуствуваше претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска, која имаше свое обраќање, истакнувајќи ги видувањата за оваа проблематика, со цел да се пронајде решение за секојдневно делување на слепите лица, за да можат на полесен начин да дојдат до сите институции, да ги добијат потребните информации и да функционираат без бариери и потешкотии.