Презентација на Нацрт планот и стратегија за воведување на пешачки зони и зони на смирен сообраќај во Општина Куманово
Јавна презентација на Нацрт планот и стратегија за воведување на пешачки зони и зони за смирен сообраќај во Општина Куманово, изготвена од тимот на др Јасмина Буневска Талевска како дел од Планот за одржлива урбана мобилност, беше одржана пред претставниците на локалната самоуправа на Опшина Куманово.
Зоните на смирен сообраќај ќе бидат изработени на ниво на основни проекти. Тоа се зони околу градинките,основните и средните училишта.
Воведувањето на пешачката зона ќе се спроведува во три фази, изведбата е планирана да се реализира во период од 2 до 8 години.