Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Традиционална ликовна изложба на кумановски ликовни уметници Куманово 2021

Во низата од бројни културни настани од Програмата за одбележување на 11 Ноември, вечерва се одржа и традиционалната ликовна изложба на кумановски ликовни уметници, во организација на НУ Музеј-Куманово. Во просториите на уметничката галерија беа изложени делата на дванаесет академски ликовни уметници (сликари, графичари, вајари), работени во различна ликовна техника, од  ликовната колонија ,,Куманово 2021’’. Куманово уште еднаш ги обедини кумановските ликовни творци, преку своите автентични ликовни изрази да го прикажат актуелниот живот на кумановското ликовно поднебје, давајќи придонес за развој на македонската ликовна уметност. Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст