Третман против крлежи на територија на општина Куманово
На 23.08. и 24.08.2021 година (понеделник и вторник), од 05.00 до 08.00 часот, на територијата на општина Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот. Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.
Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот.
Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.