Фестивал на македонска народна шегобијна песна “Тумба фест Куманово 2021”
Вечерва се одржа 9-то издание на фестивалот на македонска народна шегобијна песна “Тумба фест Куманово 2021”. Овој фестивал е организиран од страна на Здружението “Етно ризница”-Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово. Оваа година учествуваа 21 познат естраден уметник од РСМ со музички нумери, изведени на кумановски, битолски, прилепски и валандовски дијалект. На ревијалниот фестивал присуствуваше Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на Советот на општината Атина Мургашанска.