Честитка на Градоначалникот Димитриевски по повод Курбан Бајрам
Почитувани,
Градоначалникот на Oпштина Куманово Максим Димитриевски го честиташе големиот муслимански празник Курбан Бајрам на сите граѓани од Исламска вероисповед.
„Почитувани пријатели, празниците се за да се празнуваат, луѓето се создадени меѓусебно да се сакаат и почитуваат, да живееме сите заедно во мир, слога и разбирање. Различноста е таа која не спојува, која не држи заедно да се грижиме и да си помагаме меѓусебно. Од мое лично име и од име на Општина Куманово го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам на сите граѓани од Исламска вероисповед, да сте ми живи и здрави“, потенцира Димитриевски.
Со почит,