Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитка од градоначалникот на Општина Куманово по повод 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

Денеска гордо го одбележуваме 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна. Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за значаен чекор во создавањето на ЕУ. Борбата против фашизмот беше и борба на македонскиот народ за своја држава. Горди сме што во вистинско време смело застанавме на вистинската страна на историјата, во борбата против непријателот. Овој важен ден нека биде водилка во намерата еднаш засекогаш да се стави крај на секаков вид и облик на зло. На денешниот важен ден за македонскиот народ, Европа и целиот свет, ни останува  обврската да го чуваме сето она што со труд и напор го стекнавме и да го надградиме со нови дела.  Нека е светол и вечен 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст